Колку е потребно за среќа?

Има ли мерка за љубов? Знае ли некој како љубовта се мери еве? Децата велат „те сакам до небото и назад“ оти небото во детскиот ум е бескраен. Вчера попладне во скопскиот ресторан „Амбрела“ се одржа поетска вечер и кафе муабет со познатата македонска поетеса и наша редовна колумнистка Ана Бунтеска. „Амбрела“ е место полно со насмевки, првиот локал кај нас во кој работат лица со попреченост.

- Ана ја следам на „Фејсбук“ и за мене е еден од најголемите инфлуенсери на нашата сцена. При првата наша средба бев изненаден од нејзината смиреност, хармонија, посветеност и желба да помогне и да се дружи со нашите вработени и сите останати дечиња. Читајќи го последниот Понеделнички муабет со Ана бев инспириран тоа да биде насловот на нашиот прв заеднички настан, за секој да се запраша што е тоа и колку ни е потребно за среќа - ни изјави Марјан Петров, сопственикот на локалот.

Овој хуман човек вели дека има голема желба стереотипите за лицата со попреченост и кај нас да се разбијат како во повеќето светски земји. Маријан со љубов зборува за односот со неговите вработени, и за тоа што научиле од него и тој од нив, а целото интервју го имате ОВДЕ

Фото: В.Тануровски