Тања Трајковска, нова колумнистка во Женски Магазин: „Чек да брцнам во ташнава“

Добивај вести на Viber

Женски Магазин од утре најавува нова колумнистка во нашата препознатлива екипа.

Со Тања Трајковска, познато ТВ лице, и по изглед и по збор, одличен патеписец на бројни репортажи, која сега својата креативност ја преточува во прекрасни цветни аранжмани, ќе муабетиме на најразлични теми од секојдневието, од животот. 

Купчето приказни ќе може да ги читате, но и да ги слушате раскажани, под слоганот „Чек да брцнам во ташнава“.

Утре започнуваме со првата колумна, насловена како „Кришум лаги“, а посветена на сите оние мали и слатки кришум кажани лаги, кои го прават животот поубав, повесел.