Композиторот Борче Нечовски му е татко на Илчо од „Дупер“: Ни во сон не ми дојде дека син ми ќе запее

Илчо Нечовски, кој заедно Мартина Баракоска и со Борис Какуринов е дел од популарното трио „Дупер“ му е син на познатиот композитор Борче Нечовски. Поради скромноста на младиот музичар, малкумина го знаат овој податок. 

Нечовски ја проследи манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ како поддршка на својот син и на колегите од „Дупер“, кои добија награда за откритие на годината. Песната „Не сум твој тип“ стана огромен хит меѓу сите генерации, а едни од најгледаните видеа на јутјуб се и „Тело за на ТВ“ како и новиот сингл на „Дупер“ , „Ние сме 2“.

Илчо со сестрата Павлина и со таткото Борче како дете на маскенбал 

„Илчо свиреше виолина во нижо музичко, свири и бас гитара, ни никогаш, ниту во сон не сум помсилил дека тој ќе стане познат музичар. Помислив дека само му е некоја младешка идеја која брзо ќе му помине. Од секогаш беше скромен и повлечен, сосема спротивно од неговата сестра, нашата ќерка Павлина која е оган и пламен. Му велам, го советувам дека тоа во оваа работа не чини“, ни раскажа Нечовски. 

Композиторот вели дека без оглед на неговото музичко искуство, синот и колегите од бендот не прифаќаат негови сугестии, што е му е на некој начин и мило.

„Постои тој јаз на генерации, што е нормално. Не сакам многу да им се мешам во правецот на музика кои самите си го создадоа, но понекогаш, ако сакам да им дадам совет или сугестија, тие не прифаќаат, што е добро, сакаат самите да се изборат за својот успех. Мило ми што се согласија со мене да ја прифатат понудата за соработка со „Авалон продукција“. И Илчо, и Борис и Мартина , сите тројца се одлични студенти и им треба една сериозна продукција која ќе стои зад нив, која ќе се грижи за нивните ангажмани, за букингот, а тие ќе имаат повеќе време да им се посветат на студиите“, додаде Нечовски. Тој е горд што видеото за „Не сум твој тип“ има 1.7 милиони прегледи, што за домашни услови и за млад бенд е одлична бројка.

Борче Нечовски со сопругата и со синот 

Само Мартина, единствената дама во бендот студира на Музичката академија, Борис студира маркетинг, а Илчо психологија. Нечоски вели дека првата песна била тест кој „Дупер“ и повеќе од успешно го поминале.

„Направија голем скок, и сега веќе,публиката посериозно ги сфаќа и ќе почне посериозно да ги оценува“, додава Нечовски. Тој е еден од нашите најплодни композитори на фолк-музика, што е сосема различно од она што го слуша и го работи неговит син.

Дупер

„На Илчо не му е многу драга музиката која јас ја работам, но затоа велам оти и тој генерациски јаз е нормална работа. Важно е дека „Дупер“ за само неколку месеци успејаа да создадат свој личен печат и имаат своја публика. Јас сум тука да ги поддржам за било што“, ни раскажа композиторот. Во моментов, тој е ангажиран со пишување на нови песни за фолк-фестивалот „Валандово“, а создава музика и за повеќе фолк-пејачи кои живеат кај нас и во Австралија.   

Милица Џаровска