КОНЦЕРТИТЕ СЕ ВРАЌААТ: Комисијата за заразни болести ги усвои правилата

Добивај вести на Viber

Во новата реалност, која ни ги менува животите на многу начини, и концертите во живо станаа загрозен вид.
Социјалното дистанцирање како една од основните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, го оневозможи одржувањето на настани, веќе четири месеци, со што иднината на концертите, јавните собири и настани се стави под прашалник.

Денес Министерот здравство Венко Филипче, рече дека Комисијата за заразни болести го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, одобрила, односно усвоила нови протоколи за организирање на музички настани.

Министерот изјави дека ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите да биде полн 50 отсто, картите да се купуваат само по електронски пат и сите кои присуствуваат на настанот да носат маски. 

Од „Авалон“ продукција исто така соопштија дека успеале да се договорат со Министерството за здравство за концертите да се вратат во Македонија.


Бобан Милошески од „Авалон“ продукција, пред некое време за Женски магазин изјави дека воопшто не сака да ја замислува иднината на неговиот бизнис поинаква отколку што беше пред оваа ситуација.