Конечно го заборави Бибер: Селена Гомез „уловена“ на состанок со познат кошаркар

Популарната пејачка Селена Гомез беше уловена на состанок со кошаркарот Џими Батлер.

Откако минатиот месец беа видени на вечера во францускиот ресторан „Лусиен“ во источното село во Њујорк, светските медиуми и социјалните мрежи ја објавија новата романса помеѓу пејачката Селена Гомез и кошаркарот Џими Батлер.

- Дефинитивно изгледаа како да биле на „состанок“ - рекоа очевидци, како што објави „Пејџ Сикс“.

Кошаркарот на тимот „ Мајами Хит“ пред да биде со Селена, бил сомоделот Кејтлин Новак, со која ја има и едногодишната ќерка Рајли. Се чини дека поранешните партнери останаа во добри односи и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин беше видена во септември како го слави преминот на тимот на Батлер во финалето на НБА.

Селена пред два месеци изјави дека пандемијата на коронавирусот целосно и го запре љубовниот живот.

Да потсетиме, таа неодамна го бакна својот колега Ник Џонас. Со години таа беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а после тоа се гледашесо раперот „The Weeknd“.

Времето ќе покаже дали има вистина во гласините за романсата со кошаркарот. Досега ниту Селена ниту Џими не објавија за овие шпекулации во медиумите.


Фото: Инстаграм/selenagomez

Moжеби ќе ве интересира:

На само 27 години: Ариана Гранде е најследена жена на Инстаграм