(ВИДЕО) Конечно: Малата Бисера си замина дома

Мајката на малата Бисера, Александра Алексоска сподели дека конечно, после сѐ, Бисера е дома.

„Добар ден, добри луѓе... што да кажам? Од каде да почнам? Дома сме!...и вие сте причината за тоа. Едно семејство усреќивте. На едно бебенце му помогнавте. Среќата... па не можам ни јас сеуште да ја објаснам. Не знам дали можите да замислите... цели 8 месеци... Кога се изгледаше недостижно, страшно, невозможно, вие верувавте во нас и не поддржавте. Најголема благодарност до сите вас што верувавте во нас! Огромна благодарност до Клиниката Жан Митрев пред сѐ за нивната грижа и љубов кон нашата Бисера, а потоа сѐ останато..апсолутно сѐ . Исто така сакаме да им се заблагодариме на одделот Интензивна нега на Детска клиника кои беа во најтешките моменти со нашата Бисера и дадоа сѐ од себе за да стигниме до вистинскиот пат. Ви благодариме за донациите кои го овозможија закрепнувањето на Бисера. Златни луѓе. Здрави и живи да ми сте сите. Но најголема благодарност до нашите семејства, за нивната најголема поддршка, разбирање, љубов. Ве сакаме. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе продолжиме да му се радуваме на животот кој ни е подарен од Бога. Бисера е дома. Имаме долг и тежок пат пред нас, но со Господ напред, секогаш е полесно кога сме заедно. Поздрав од Мама, тато и Бисера!“ - сподели Александра на фејсбук.

Видео споделија од клиниката Жан Митрев, велејќи дека Бисера е спремна да расте дома и дека домашната љубов не може ништо да ја замени. 


Бисера е борец: Ова се тешки моменти, но со Господ напред ќе се бориме со неа