„Конечно нормална фотографија од Ким Кардашијан “: И вие ќе се изненадите од тоа што ќе го видите

Добивај вести на Viber

Луѓето се изненадија кога видоа како изгледа Ким без фотошоп

Ким Кардашијан привлече големо внимание со фотографии од приватната забава на брендот „Dolce & Gabbana“ во Милано. Таа облече фустан од змиска кожа и доби грст комплименти за нејзиниот изглед. Сепак, многумина ја критикуваа дека користи фотошоп, но апликациите за убавина не се ништо ново овие денови. Ретко која светска ѕвезда објавува целосно природни фотографии, а тоа го прави и Ким.

„Зошто ги фотошопираше фотографиите? И без тоа си многу привлечна жена“, „Изгледа добро за нејзините години и без филтри“, „Подобро би било да покаже дека изгледа добро и на 42 години, отколку да се преправа дека изгледа како да има 30 години“, „Поубава е без фотошоп“, се само дел од коментарите што луѓето ги дадоа под нејзината објава.

Како што и самите знаете, повеќето од девојките забранија означени фотографии да се гледаат на нивните Инстаграм профили. Причината е токму тоа што не сакаат да размислуваат за разликите кои се евидентни помеѓу обработените фотографии кои ги красат нивните профили и оние кои се целосно реални. Така се шушка моментално околу фотографиите кои ги објави манекенката Леони Хан.



На забавата таа позираше со Ким, а луѓето коментираа дека Кардашијан изгледа многу поинаку отколку на нејзиниот профил. За работата да биде поинтересна, сите напишаа дека е многу поубавa без филтри. „Суровото лице на Ким“, „Ретка фотографија на која и се гледа кожата без филтер“, „Никогаш не сум видел како изгледа без филтер“, „Конечно нормална фотографија од Ким“, „Не знам дали е тоа шминка, но овде изгледа поинаку“, се само дел од коментарите под објавата на популарната манекенка.



ФОТО: Инстаграм