Конечно откриено што се случувало во авионот пред разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли: По шест години се појавија детали од спорниот лет

фото: Profimedia

Кога пред шест години дознавме дека Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат, многумина тврдеа дека последната капка која ја прелила чашата, е инцидент во авион во кој присуствувале нивните деца.

Кога во септември 2016 година беше објавено дека актерите Бред Пит и Анџелина Џоли се разделуваат, светот беше во шок. Родителите на шест деца секогаш оставаа впечаток на хармоничен пар и делуваа длабоко заљубени, а од самиот почеток важеа за пример за вистинска љубов во Холивуд.

Меѓутоа, набрзо станало јасно дека проблемите во нивниот брак постојат подолго време, а се појавија фотографии од забавен парк на кои се гледа како „Бранџелина“ се расправаат. Најголемиот скандал избувна кога беше откриено дека непосредно пред разделбата дошло до инцидент во авион за време на семејно патување, а никогаш не било целосно објаснето што се случило во таа прилика.

 Се шпекулираше дека Бред бил насилен, дека имал некаков конфликт со сопругата и нивниот најстар син Медокс, а набргу Анџелина го обвини актерот за употреба на дрога и алкохолизам. Поради ова, извесно време морал да се тестира на дрога секогаш кога требало да ги види нивните деца, а одел и на рехабилитација за алкохол.

Сега, шест години подоцна, се појавија деталите за спорниот лет.
Имено, пред неколку месеци беше откриено дека ФБИ покренало истрага против Бред Пит, а сега се појавија документи кои покажуваат дека зад ова стои неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли и дека се однесува на споменатиот настан во авионот.

Според Variety, Анџелина му рекла на агент на ФБИ дека Пит „физички и вербално ги нападнал децата и неа за време на патувањето. Таа тврди дека актерот ја однел во тоалет, „ја фатил за глава“ и „ја прилепил за ѕид“, цело време удирајќи во плафонот и извикувајќи: „Ти го зафркнуваш ова семејство“.

За време на истиот лет, Анџелина Џоли изјавила дека имало уште еден инцидент, кога се здобила со неколку повреди, меѓу кои и една во пределот на лактот.

Како што истакнала, Пит во тој момент пиел алкохол, а во еден момент ја полил со пиво и истурил вино.

На ова присуствувале нивните деца кои тогаш имале меѓу осум и 15 години, а откако еден од нив го навредил татко им, Бред Пит „изгледал како да ќе го нападне“, поради што Анџелина застанала меѓу нив, а тој ја фатил за врат и ја турнал на седиштето.

По слетувањето на авионот, вкупната штета од истуреното вино во авионот изнесувала 25.000 долари.

Џоли изјавила дека актерот „се однесувал нереално“ и дека толку многу ја исплашил што се чувствувала како негов заложник. Откако пристигнале, таа предложила да оди во хотелот со децата, на што Пит возвратил: „Нема да ми ги земеш децата“.

Според портпаролката на ФБИ, Лаура Еилер во 2016 година, одлучено е да нема понатамошна истрага и да нема обвиненија против Пит, по што Анџелина анонимно поднела тужба против ФБИ со Законот за слобода на информации за да добие документи поврзани со федералната истрага против Бред.

Ниту еден од двајцата актери не се изјасни за овие тврдења.

извор:GLOSSY

Поврзани вести:

-„Еве солзи на очите ми доаѓаат“: Бред Пит предизвика лавина од коментари со ироничниот коментар за талентот на неговата ќерка (ВИДЕО)

-Се бакна со сестра си во уста и исчезна: Каде е денес и како изгледа братот на Анџелина Џоли (ФОТО)

-Поради оваа диета Анџелина Џоли беше на раб на анорексија: Само 600 калории во текот на денот