Конечно: Селин Дион се појави во јавност откако и беше дијаностициран синдром на вкочанета личност
Пејачката Селин Дион се појави во јавноста како навивачка
на хокејски натпревар, после пет месеци откако и беше дијагностициран синдромот
на вкочанета личност.
Откако неколку пати ја одложуваше светската турнеја „Courage World Tour“ поради
болест, познатата пејачка со моќен глас, Селин Дион, донесе болна одлука да
престане да настапува до понатамошно известување за да се посвети на
закрепнувањето.
Селин се бори со болест која ги претвора луѓето во живи статуи додека постепено и се вкочанува телото во крути позиции. Станува збор за синдром на вкочанета личност, кој, според Националниот институт за здравје, е ретко, прогресивно невролошко нарушување кое може да предизвика вкочанетост на мускулите во градите, рацете и нозете.
Оваа болест погодува еден од милион луѓе, а иако нема лек, постојат третмани кои можат да го забават процесот на забавување на агресивноста на болеста.
Од моментот кога се дозна од каква болест боледува пејачката, фановите преку пораки и даваа поддршка, но Дион не се огласи на мрежите, ниту пак се појавуваше во јавноста.
Пејачката пред неколку дена беше Арената во Лас Вегас за да го бодри својот хокеарски тим, Монтреал Канадиенс, на натпреварот против Вегас Златните витези.
„Одлична посета на нашата игра во Вегас вчера. Ви благодариме Селин Дион за вашата великодушност. Целиот тим е многу среќен што ве запознавме вас и вашето семејство“, напишаа на Инстаграм ПР на канадскиот тим Шантал Машаби, која објави и фотографии со пејачка.
Се појави и видео од настанот, кое е доста охрабрувачко кога е во прашање здравјето на пејачката, со оглед на тоа што таа изгледа многу подобро отколку пред неколку месеци.
Пејачката беше во друштво на синовите Рене Чарлс (22) и близнаците Еди и Нелсон (13) кои ги имаше со покојниот сопруг Рене Анџелил.
На Инстаграм се воодушевени од скромноста и едноставноста на Селин Дион, на што се восхитува и тренерот Мартин Сент Луис.
„Изгледаше многу добро, блескаше. Зборуваше, се шегуваше.
Беше одлична вечер, беше навистина забавно. Бевме многу трогнати бидејќи ја
видовме таква - затоа што ја видовме здрава", рекла Шантал и додала дека
сите играчи останале шокирани кога слушнале кој пристигнал.
Иако не биле подготвени да се сретнат, не сакале да ја пропуштат можноста да ја
запознаат Селин и биле импресионирани од неа.