Контрабасот што ќе донесе нов звук: MINT ја засилува културната сцена во Битола

Добивај вести на Viber

Jazz Factory Festival оваа година започнува со еден исклучително значаен подарок. Нов контрабас, дониран од MINT Fintech Group.

„Контрабасот не е само инструмент – тој е срцето на секој џез ансамбл. А за нас, оваа донација е симбол на ритамот што го делиме со градот и сцената која ја поддржуваме,“ велат од MINT.

Со оваа донација, решен е проблем кој со години ја отежнуваше организацијата на фестивалот. Странски музичари честопати беа спречени да настапат во Битола поради логистичките компликации за транспорт на сопствен контрабас, а организаторите често мораа да изнајмуваат инструмент за да обезбедат квалитетен настап.

„Ова не е само донација – ова е решение за еден сериозен предизвик. Контрабасот што го добиваме значи отворена врата за уште поголеми имиња и повисоко квалитетни настапи. Му благодариме на MINT што го препозна значењето и ни помогна да изградиме посилна инфраструктура за фестивалот,“ изјави Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival.

Под мотото „MINT plays the bassline“, компанијата се вклучува не само како спонзор, туку и како активен учесник во поддршката на културната вредност и иднината на младите музичари.

Фестивалот официјално започнува денес, а звукот на контрабасот, засилен со поддршка од MINT, ќе одекнува на новото издание на JFF.

ПР објава