Короната не ѝ може ништо на 101-годишната баба Марија: Беше три пати заразена, а ја преживеала и шпанската треска

Марија Орсингер, баба од Италија, која во јули наполни 101 година, веќе три пати била заразена со коронавирус, но сè уште се чувствува добро.

Според светските медиуми, за прв пат вирусот ѝ бил дијагностициран во февруари, кога пандемијата предизвика вистински хаос во Италија.

- Мајка ми беше во болница, но докторот ми рече дека никој од постарите пациенти не ја толерира оваа болест како неа. Таа навистина немаше треска и можеше да дише сама. Сепак, два месеци подоцна, таа беше повторно тестирана и повторно беше позитивна на коронавирус - раскажа една од нејзините ќерки за весникот „La Provincia di Sondrio“.

Кога вториот бран на вирусот ги погоди во септември, Орсингер повторно беше во болнички кревет. Според нејзините роднини, овој пат имала лесна треска и полесна форма на Ковид-19.

- Мама помина 18 дена во болница. Лекарите и медицинските сестри секојдневно ни се јавуваа и беа изненадени од тоа како таа ја издржува болеста - изјави втората ќерка на Марија, Инес.

„Баба Марија“

Орсингер некако стана еден од омилените ликови во болницата, дури го доби и прекарот „Баба Марија“. Според вработените во оваа болница, оваа мала и кревка жена покажала дека има „железен карактер“ и никогаш не се жалела на ништо. Бидејќи на следниот тест била негативна на коронавирус, таа била пуштена од болница и се вратила во домот за стари лица каде што живее шест години.

- Минатата недела добивме повик и ни рекоа дека мајка ни е повторно позитивна на коронавирус. Овој пат таа е само заразена, нема никакви симптоми и се чувствува добро. Не го изгуби ни апетитот, но не можеме да ја посетиме поради правилата. Секако, со нетрпение очекуваме да ја видиме наскоро - изјави Инес.

Таа ја преживеа и „шпанската треска“

Марија Орсингер е родена на 21-ви јули 1919-та година, во средина на пандемијата на „шпанската треска“, која наводно однесе најмалку 50 милиони животи.

За време на Втората светска војна, таа се омажила и има шест деца, а исто така прифатила две деца од првиот брак на нејзиниот сопруг. Според италијанскиот весник, „баба Марија“ била во одлична здравствена состојба во текот на целиот живот. Според нејзините деца, таа сметала дека работата е најдобриот лек за некоја личност. Единствениот здравствен проблем што ѝ создава проблеми во последните години е што не слуша.

Таа не е единствената

Сепак, Марија не е единствената постара жена која успеа да се бори против коронавирусот во Италија. Имено, Ада Зенузо (103) исто така ја преживеала шпанската треска и двета светски војни, а од битката со короната излез како вистински херој.

Фото: Pixabay.com