КОРОНАВИРУСОТ ГИ ЗАГРИЖИ КУМАНОВСКИТЕ ЧЕВЛАРИ: Будно следат што се случува во Италија

Кумановските чевлари се загрижени затоа што коронавирусот се шири на италијанско тло, и велат дека каква било блокада на увозот или извозот ќе има штетни последици по нивното работење.

Лидија Милановска, претседателка на Здружението на чевлари вели дека околу 10 отсто од кумановските фирми извезуваат за Германија, а остатокот за Италија. Овие денови будно следат што се случува со коронавирусот, и велат дека идните денови ќе имаат појасна слика. Се надеваат на добри вести, но спротивно можно е да делат откази.

„Ние имаме соработници претежно во јужна и централна Италија, а коронавирусот се појави во северниот дел, иако и таму имаме соработници, но сепак се малку. Повеќето фабрики се во околината на Рим. Засега немаме некои најави во однос на нашето работење, но ако се случи некоја блокада, ќе имаме штети, ќе мора работниците да ги отпуштаме, затоа што и меѓу сезона тешко се издржува. Како ќе исплатиме плати ако не работиме? Италија ни е пазар број еден“, додава Милановска.

Целиот текст за кумановските чевлари и коронавирусот прочитајте го на Фактор.мк