Коронавирусот не е жив: Затоа е толку тешко да се убие и да се пронајде лек за него

Вирусите поминаа милијарди години во усовршување на уметноста за преживување без живот - застрашувачка ефективна стратегија што ги прави потенцијално моќна закана во денешниот свет.

Ова е особено точно за новиот коронавирус што го доведе светот до блокада. Малку е повеќе од пакет генетски материјал опкружен со шилеста протеинска обвивка, ширина колку илjадити дел од трепка, однесување како зомби, па затоа тешко дека може да се смета за жив организам. Но, штом влезе во човечкиот респираторен систем, вирусот ги одзема нашите клетки и создава милиони верзии од себе.

Има некаква злобна генијалност во тоа како работи овој патоген: лесно му е да влезе во човек без да го знае тоа. Пред неговиот прв домаќин воопшто да развие симптоми, вирусот веќе се размножува насекаде, преминувајќи кон следната жртва. За некои е смртоносен, но доволно благ за некои да го избегнат или да поминат со лесно. И засега не можеме да го спречиме.

Бидејќи истражувачите се натпреваруваат за развој на лекови и вакцини, болеста уби над 15,000 луѓе и зарази над 900.000 луѓе ширум светот, а тој број се зголемува, пренесува „Вашингтон пост“.

„Помеѓу хемијата и биологијата“

Респираторните вируси имаат тенденција да заразуваат и да започнат со репродукција на две места: во носот и грлото, каде што се многу заразни, или пониско во белите дробови, каде што се шират потешко, но се многу повеќе се смртоносни. Овој нов коронавирус, САРС-КоВ-2, вешто ја намалува разликата. Застанува на горните дишни патишта, каде што преку кивање и кашлање лесно се пренесува на друга жртва. Но, кај некои пациенти може да се смести длабоко во белите дробови, каде може да убие. Овие комбинации му даваат заразна моќ на некои настинки, како и смртност на неговиот молекуларно близок роднина, САРС, што ја предизвика епидемијата од 2002 и 2003 година во Азија.

Друга подмолна карактеристика на вирусот: Со откажување од мал дел од смртоносна моќ, тој развива симптоми помалку изразени отколку кај САРС, што значи дека луѓето често пати го пренесуваат на другите пред дури и да знаат дека го имаат. Со други зборови, доволно силен да предизвика хаос во светот.

Вирусите како овој се одговорни за најразорните епидемии во последните сто години: грипот од 1918, 1957 и 1968 година; потоа САРС, МЕРС и Ебола. Како и коронавирусот, сите овие болести се зоонози: тие минуваат од животни на луѓето. И сите тие се предизвикани од вируси кои го кодираат својот генетски материјал во РНК. Не е случајно, велат научниците. Постоењето на зомби РНК вируси ги прави лесно преносливи и тешко да се уништат. Надвор од домаќинот, вирусите „спијат“. Тие немаат никакви вообичаени функции на животот: метаболизам, движење, можност за репродукција.


Повеќе на Машки Магазин