Ковид-19 коси немилосрдно во светот: Во една земја бројките се веќе застрашувачки

Индија е на второ место во светот по бројот на заразени по САД

Индија го надмина прагот од 5 милиони заразени со коранвирус, соопшти Министерството за здравство, а пренесоа светските агенции. Втората најнаселена земја во светот регистрираше еден милион нови случаи за само 11 дена. Така, Индија е на второ место во светот со 5,02 милиони заразени по САД, кои имаат 6,59 милиони заразени.

Во Индија има 82.066 смртни случаи од компликации предизвикани од коронавирус.