Кралица на трансформациите: Лејди Гага со 9 аутфити и впечатливи маски издоминира на МТВ наградите

Лејди Гага, уште еднаш докажа дека е кралица на трансформациите и на сценскиот перформанс.

Синоќа, на МТВ „Видео музичките награди“, Гага апсолутно доминираше.
Успеа не само да однесе неколку награди дома, туку и да издоминира со настапот, во согласност со мерките за заштита, таа пееше цели 10 минути со маска на лицето!

Лејди Гага во текот на целата вечер носеше маски кои и одговараа на сценскиот аутфит, а пред тоа изјави дека ќе се придржува кон сите пропишани мерки на церемонијата на доделување награди. Токму маските кренаа најголема фама кога е во прашање настапот, а се работи за ЛЕД-маски.

Погледнете ги нејзините аутфити и заштитни маски: