Кралицата Елизабета се прости од саканиот: Принцот Филип погребан со сите почести

Кралицата Елизабета Втора ги избриша солзите и беше принудена да жали сама (според кралските протокли) во капелата Сент Џорџ за време на погребот во замокот Виндзор на Принцот Филип, нејзиниот сопруг, Имаа 73-годишен заеднички живот.

Нејзиното височество изгледаше погодено од тага и се поклонуваше со главата како израз на почит додека го придружуваше ковчегот на својот сакан Филип на последното патување, додека нивниот најстар син принцот Чарлс плачеше додека одеше зад ковчегот во црквата проследен со други кралски кралски служби. Тка беа и браќата Хари и Вилијам, а координацијата на кое место да стојат поради одземените кралски должности на Хари сепак не ја помати целата церемонија. Стоеја блиску еден до друг, без значајни кралски обележја кои обично се носат на кралските погреби. Имено, кралицата го смени протоколот на облекување, веројао во корист на Хари бидејќи не може да носи војничка кралска униформа.

Ковчегот на војводата од Единбург беше покриен со негови лични предмети како неговиот меч, поморско капаче и венец со цвеќиња, а ковчеког во кој беше положено телото се движеше во „Ланд Ровер“.

Фото: EPA, Reuters

Извор: mail Online

Галерија: