Кралицата Летиција покажа како треба да изгледа 50-годишна жена: Вистински фустан и салонки се сè што ви треба

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Кралицата Летиција од Шпанија е личност која поставува модни трендови, сето тоа затоа што навистина знае што изгледа добро на нејзиното тело

Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе беа домаќини на претставници на Црвениот крст во нивната палата во Мадрид, а по тој повод оваа убава жена облече фустан стар пет години.

Фото: Profimedia


Станува збор за свилен миди фустан од модниот бренд „Sandro“. Зелениот фустан со V-деколте и плисиран долен дел ја издолжуваше нејзината силуета, додека миди должината ги истакна елегантните салонки.

Овој модел на фустан совршено одговара на речиси сите типови на женско тело, па затоа е уште попопуларен.

Фото: Profimedia


Ако сакате да се дотерате за некоја посебна пригода, копирајте го стилот на кралицата Летиција и не грижете се!

извор: stil.kurir.rs