Кралицата Летиција во сите нијанси на црвено: Ова дефинитивно е нејзина боја

Добивај вести на Viber

Елегантната и префинета кралицата Летиција изгледа одлично во црвено

Убавата шпанска кралица Летиција избра црвена облека за посетата на Барселона.

За соло посета на Барселона, Летиција избра да облече целосно црвена облека составена од кожени панталони, тенок џемпер и сјајни лакирани мокасини.

Дискретната шминка и накитот ја комплетираа оваа нејзина едноставна деловна комбинација, а она што не можевме а да не го забележиме е дека дамите се почесто носат аутфити во една боја, таканаречениот монохроматски стил.

Се вели дека облекувањето во една боја е добро, бидејќи тоа е начин да изгледате префинето и елегантно.






ФОТО: Инстаграм