Криси Тајген го роди своето трето дете. Среќната вест Џон Леџенд ја сподели на концерт

Добивај вести на Viber

Информацијата ја пренесоа оние кои беа на концертот, а Криси Тајген и Џон Леџенд се‘ уште не се огласија на социјалните мрежи, а не го открија ниту полот, ниту името на бебето.

Музичарот Џон Леџенд (44) откри дека неговата сопруга, манекенката Криси Тајген се породила. Веста ја сподели на приватна забава. „Каков благословен ден“, изјави тој. Тој додаде дека бил полн со енергија и среќен и покрај тоа што не спиел во последните денови од бременоста на неговата сопруга. Информацијата ја пренесоа оние кои беа на концертот, а парот се‘ уште не се огласи на социјалните мрежи, а не го открија ниту полот, ниту името на бебето. Инаку, манекенката Криси Тајген го загуби своето бебе пред две години. Поради обилно крварење завршила во болница, а за тоа ги извести своите следбеници на социјалните мрежи.

Но, сега открила дека всушност станува збор за индуциран абортус. На следбениците тогаш им беше кажано дека „имале компликации со бременоста и дека Криси доживеала спонтан абортус“, но сега манекенката открила дека била шокирана кога сфатила дека всушност се работи за намерно прекинување на бременоста.

„Пред две години, кога бев бремена со Џек, морав да донесам низа тешки одлуки кои ми го скршија срцето. На половина пат стана јасно дека Џек нема да преживее, а ни јас, освен ако докторите не интервенираа“.

„Ајде да го наречеме индуциран абортус. Абортус за да ми го спаси животот бидејќи бебето немаше апсолутно никакви шанси. Не сфатив дека тоа е до пред неколку месеци", додала таа. Манекенката и нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд (43) ја имаат ќерката Луна и синот Мајлс. Тие се венчаа во 2013 година.


Фото: Youtube - screenshoot