Криси Тејген хоспитализирана поради високоризична бременост: Постојано крвавам

Добивај вести на Viber

Криси Тејген е бремена со нејзиното трето дете, но оваа бременост ѝ донесе компликации. Авторката, продуцент и модел е на патолошка бременост и одмараше дома веќе неколку недели за да го зачува своето бебе безбедно, но неодамна сподели дека сега е хоспитализирана за сè да биде во ред.

Криси сподели дека причината за паталошката бременост е постојано крвавење од нејзината плацента. На почетокот таа објасни дека плацентата ѝ била „многу слаба“ и дека целта е таа да остане здрава.

- Значи станува збор за високоризична бременост, и ова малечко помина низ многу, така што мора да ја зачувам мојата плацента здрава и да не мрдам- изјави таа.

Сега Криси е во болница, и ги откажа сите планови за работа, односно издавањето на третата книга за готвење, а нормално целиот тим како и семејството на чело со пејачот Џон Леџенд ја поддржа.

На 27-ми септември Криси сподели дека патолошката бременост не оди како што треба, бидејќи постојано крвави. Нејзинииот медицински тим одлучи дека освен постојано да лежи, нема многу што да се направи.

- Како да си ја пуштил чешмата на малце и таа постојано тече. Чудно е бидејќи се чувствувам многу добро. Во најдобро издание сум. Затоа ми е толку тешко да се соочам со ситуацијата- откри авторката.

За среќа таа додаде дека со бебето е сè во ред, но како што вели „само неговата куќа се распаѓа, но тоа е силно момче“.