Кршливо, ракувај со внимание
Можам од убаво да умрам, со лошо знам да живеам. Не можеш да ме изненадиш неубаво, на тоа сум научена. Ама ако ми покажеш дека си поинаков, дека повеќе дела има во тебе отколку празни зборови, е така не знам што ќе е со мене. Дали си мој пријател, љубовник, родител, познаник, или само случаен минувач кој решил да остави вечен траг, биди искрен. Биди целосен, биди комплетен, биди вимателен, немој да кршиш додека си одиш. Дека така ќе ме натераш да се бранам, дури и да нападнам, јас сум фрагилна, здробена сум од внатре, немам повеќе каде да се кршам, се е прашина од која се обидувам да создадам едно целосно звездено небо. Наместо да ме тераш да те гаѓам со метеори, легни ми на душава и натерај ме да блеснам за тебе, покажи ми дека ти си мојата месечина, ти си мојата светлина кој која јас се вртам кога ми е потребна љубов. Биди поголем од мене, посветол, посјајен, биди убавината што ми е потребна за повторно да верувам дека се е возможно, се е магично и дека има повеќе од мене и тебе на светов, јас и ти заедно сме најмногу и сме целиот универзум собран во едно. Немој да ме болиш, ќе ти вратам со болка, се уште не знам како да бидам сопствена, се уште учам како да пораснам и сорзреам во една зрела своја, се уште сум едно изгубено срце во лавиринт на остинати духови. Ми требаш ти, ти си мојата лева половина, ти си мојот правец и насока, ми требаш исто како што јас си требам на самата себе.
Најлесно е да ме повредиш, ама знаеш јас знам со болка. Најтешко е да ме сакаш, невозможна сум, јас сум само еден производ на временски заробени генерации во нереализирани соништа и очекувања, јас сум дете на транзиција, ние учиме сами како не треба. Најлесно е да ми станеш непријател, ама знаеш јас станав генерал на сопственото постоење, мене повеќе никој не може да ме повреди, не можеш да скршиш распаднато срце. Можеш да бидеш магичното лепило, течноста која кога ќе се помеша со звездена прашина станува волшебен цемент, станува се она за кое светот те предупредува дека е опасно, дека ќе те повреди и дека не постои. Станува љубов, стануваме јас и ти заедно посилни, стануваме целина, семејство, дом, пријатели, љубовници, стануваме се она за кое ни велат дека не постои само и единствено за да можат да управуваат со нашите души. Стануваме силата која го победува системот, револуцијата која го победува режимот, енергијата која и ги плете крилата на слободата и го прави овој живот проклето магичен за живеење.
Јас знам да сакам, тоа е мојата магична моќ. Со тоа знам и да повредам. Ама ти не се плашиш знам, свесен си колку тежи љубовта. Јас сум комплицирана, исто како и ти. Јас сум единствена, оставам свој печат каде и да поминам, и го делам ова време со тебе, со твојата снага поголема од мене, доволна да ме крене секогаш кога јас паѓам. Од твојата смрт се раѓам јас, од твоето битие се создава мојата комплетност, јас сум фениксот а ти змејот. Јас и ти сме заедно се тоа што на овој свет му е потребно за да се излечи од секоја можна болест, нашето ние е посилно од било кое јас или ти, нашата љубов кон себе и еден кон друг е помоќна од било кое оружје на светов. Не води војна, ја имаме доволно и внатре и надвор од нас. Води љубов, живеј љубов, диши љубов, очекувај љубов, па дури и по цена на разочарување! Живеј онака како што гледаш на филмовите, онака како што си замислуваше како кога беше дете! Еднаш во годината направи некое срање кое ќе те донесе до блиска смрт, за да те тресне од земја и да те потсети дека утре ќе не нема, дека секоја секунда се важи дупло кога времето има рок на траење! Биди проклетата промена што сакаш да ја видиш во светов, аман…
И не се плаши, болката е само знак дека си тука и сега, дека ти можеш повеќе од било кој друг, заедно со мене …
Те сакам.
Намасте.