Патиките на сезоната, за секоја модна комбинација: Ксенија Николова го промени имиџот (ФОТО)
Писателката Ксенија Николова важи за девојка која секогаш е средена и дотерана и внимава на својот изглед.
Таа има поелегантен моден стил, па често може да ја забележиме во елегантни модни комбинации со фустани, панталони и кошула, со кои секогаш избира високи потпетици, чизми или балетанки.
Овој пат таа изнеади со изборот, и се појави во лежерна модна комбинација во која главен акцент имаа белите патики од познатиот бренд „Guess“.
Станува збор за парче кое мора да го имате сезонава, бидејќи изгледа добро со буквално секоја модна комбинација.
*кликнете на фотографијата за повеќе информации
- Ова се први патики кои сум си ги купила во последни 3,4 години ( а да не се за вежбање). Цело време си мислев дека не можам да ги вклопам во стилот, ама сега гледам дека сум грешела. Ќе има уште нови и добри фотки со овие убавици - напиша Ксенија.
Таа одговори дека ги купила во Солун, но вие истите може да ги најдете и нарачате во онлајн продавницата на Fashion Group Macedonia, по цена од 8190 денари.