„Кучкин син“ е нејзина најслушана нумера: Каде се изгуби Верица Пандиловска?

Сите ја паметиме по нумерата „Кучки син“ која пејачката сама откри дека на почетокот не сакала да ја сними најмногу поради експлицитниот рефрен.

Сепак, Тоше Поп Симонов кој е комплетен автор на една од најслушаните песни од репертоарот на Верица Пандиловска, инсистирал таа да ја отпее песната бидејќи била напишана специјално за неа. Реакцијата на публиката покажа дека докажаниот продуцент бил во право.

Верица Пандиловска пред неколку години се повлече од јавната сцена, а во последно време се занимава со менаџмент.

Сепак таа е доста активна на социјалните мрежи. Често ги радува обожавателите на Инстаграм со фотографии. Верица често спортува на кеј, а дека изгледа прекрасно и во форма е факт.

View this post on Instagram

A post shared by Verica Pandilovska (@vericapandilovska)