Купи си ташна за плажа и засади живот!
Personalised Vacation како бренд
Глобално препознатлив бренд по својот уникатен начин на рачна изработка – персонализирани аксесоари и модни додатоци за комплетен и штосен изглед на плажа!
Актуелни и највпечатливи ташни со кои секоја девојка е препознатлива на уникатен начин, персонализирани единствено за неа!
Креативноста и единственоста на Personalised Vacation направија бум кај понежниот пол, а одобрени се и оценети со највисока оценка од голем број задоволни жени и инфлуенсери.
Уникатноста, практичноста и квалитетот на прво место
Секоја жена сака само неколку работи кога оди на одмор: полесно да се спакува, ташната да не ѝ зафаќа премногу простор, истата да не се изгужва при пакување и да ги собере сите работи што сака да ги понесе на плажа во неа.
Ташните од Personalised Vacation се тука за да ги исполнат сите тие желби затоа што се практични и лесни за пакување, не зафаќаат премногу простор, не тежат и прелесни се за да ги сместите во куфер особено кога патувате со авион. Најважното од сè е тоа што имаат доволно простор за да ги соберете омилените работи кои сакате да ги понесете на плажа!
Персонализирани производи само за вас
Можете да бидете единствени затоа што производите се прават исклучиво по ваша желба, со боја и текст какви што вие сакате!
Пријатели на природата
Вистинско задоволство е да исцрташ насмевка кај секоја жена со персонализиран аксесоар за плажа, но задоволството е поголемо кога знаеш дека работиш во синхронизација со природата! Годинава со секоја купена ташна, засадуваме по едно дрвце затоа што сме еко мал бизнис и работиме на кревање на еколошката свест!
Personalised Vacation се шири глобално со продажби насекаде по светот. Ташните и шеширите стигнаа дури до Калифорнија, Карибите, Мајами, Занзибар, Сејшели, Малдиви, Дубаи, Миконос, Санторини и уште на многу други места!
* Да му дадете посебен шмек на вашиот летен аутфит додека сте на одмор;
* Да се издвоите меѓу толпата додека сте на патување;
* Да изненадите невеста со персонализиран подарок за моминска забава;
* Креативен начин да соопштите дека очекувате бебе или дека ве запросиле;
* Ако имате свој бренд или компанија, да ги изненадите вашите вработени или лојални клиенти со персонализиран подарок;
* Едноставно - да го надополните вашиот стил и да бидете препознатливи секаде!
Personalised Vacation не е само за дами, туку за секој кој сака да додаде шаренило и уникатност во секојдневието!
*Пр објава