Ласерот кој прави чуда: Ја подмладува вагината и го решава проблемот со мокрењето

Добивај вести на Viber

Жените сè почесто имаат проблем со мокрењето, а во просек секоја седма жена неконтролирано испушта дел од урината при напор - најчесто кашлање, физичка активност, побрзо одење. Иако е сè поприсутен, малку од жените се охрабруваат да го споделат овој проблем, ниту, пак, одат на некаков  вид лекување. Се појавува во кое било време од животот (кај помлади пациентки до 30 години во просек 4-14%), сепак најмногу по шестата деценија од животот (12-35 %). Најчести ризик-фактори се стареењето, преголемата угоеност, пушењето, породувањата по вагинален пат со плодови со поголема родилна тежина. Сепак, современата медицина се обидува  да најде лек за овој проблем, а во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се прави најсовремен ласерски третман со што овој проблем се решава во голем процент на успешност (преку 80%).

На оваа тема „Женски Магазин“ разговараше со д-р Бобан Сарџовски, Специјалист по гинекологија и акушерство. За ласерскиот третман за „подмладување на вагината“ и за посттретманскиот период, читајте во продолжение.

* Кои се опасностите по здравјето на една жена доколку проблемот не се третира соодветно и навремено?

- Чувството не е пријатно, но проблемот може да биде и сериозен ако не се третира. Зошто? По дефиниција на Светската здравствена организација, здравјето претставува потполна физичка, психичка и социјална благосостојба на човекот, а не само отсуство на болест.

Жените ретко милуваат да зборуваат за тоа, односно на пациентките им треба долго време да признаат. Ова пред сè е социјален проблем, поради тоа што се врзани условно со близина на тоалет, со употреба на влошки. Не можат да додржат и тоа им ги скратува социјализирањето и самодовербата, особено кога се надвор од дома и кога се чувствуваат несигурни.

Нема повеќе јасна граница во старосна група кај која најчесто се појавува. Секако дека кај постарите пациентки е почеста појава, но, за жал, и помладите не се поштедени од оваа состојба (намерно не велам болест).

Многу е важно да се направи детален преглед и соодветна дијагноза за тоа кои пациенти се адекватни за третманот што го воведе Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за употребата на ласерот во третман на поедини состојби поврзани со неконтролираното испуштање урина.

Правилниот избор на пациенти за овој третман е основа за некомпромитирање на методата во третманот за стрес-инконтиненција. Покрај успехот во лекување на овoј проблем, ласерскиот третман се употребува и кај пациентки со т.н. релаксационен вагинален синдром, атрофија на вагинална слузница поради возраста или по радиотерапија, а во најново време и за решавање на вагиналниот пролапс.

* Оваа појава во голем процент (преку 80 %) успешно се третира со ласерски третман на надворешните гениталии. Колку трае зафатот и дали со ваквата интервенција комплетно се искоренува проблемот?

- Станува збор за erbium YAG  ласерот, кој е еден од најсовремените во денешницава и ни овозможува целосна палета на третман за  која било состоја каде што има индикација, вклучувајќи третман на грло на матка, вагина, вулва, перинеум. Интервенциите се изведуваат амбулантски, без анестезија, без болка, комфорно. Уште се нарекува lunch break treatment. Пациентите претходно се подготвуваат за интервенцијата, се прават ПАП-тест, биохемиски иследувања, уринокултура, микробиолошки брисеви  од вагина.

Инаку, третманот треба да се прави трипати, односно три сесии од приближно половина час во интервал од 30 дена. Потоа може да се повтори од 6 до 9 месеци, секако ако има потреба. Според досегашното искуство, во 80 до 85 проценти пациентите изразиле задоволство од ефектот на третманот. Има одличен козметички ефект на зголемување на еластичноста на вагината.

100% во медицината не постои како бројка на успешен третман.

* Интервенцијата е всушност ласерски третман за „подмладување на вагината“ кој е тренд во медицината, а се применува во „Аџибадем Систина“.

- Во основа ласерското затегнување на вагината, тонизирање или подмладување значи дека се третира вагината со цел постигнување зголемен еластицитет и тонус. Во основа овој феномен довел до тоа голем дел од пациентките кои оделе на козметички третман за вагина, подоцна да признаат дека по 2-3 третмани се решил и нивниот „сокриен“ проблем со неможност за додржување на урината. Оттогаш е почната таа интензивна промоција на ласерскиот третман во третманот на стрес-инконтиненцијата. Ласерот користи енергија што го стимулира колагенот (неоколагеноза) кај жените, односно тоа значи стимулација за ресинтетизирање на нов колаген (одговорен за еластицитетот и тонусот - затегнатоста на вагината), затоа што колагенот, кој е одговорен за еластицитет и тонус на ткивата, со годините се намалува. Со самата енергија организмот на некој начин се стимулира да создава колаген сам, да ја зголеми прокрвеноста во тој дел, а со самото тоа да го постигнеме саканиот ефект.

* Интервенцијата се изведува амбулантски, без анестезија. Колку трае посттретманскиот период и има ли несакани поскедици?

По третманот, пациентката може да има поголем секрет и во првите седум дена не се препорачуваат топли купки ниту, пак, сексуални односи. Потребно е организмот да се адаптира на енергијата што ја добива од ласерот.

* Дали станува збор за поскап третман кој не може секоја жена да си го дозволи?

- Напротив, станува збор за релативно евтин третман, 3 до 4 пати поевтин од кој било третман за решавање на стрес-инконтиненција по оперативен пат.

* Кои се придобивките кај жените кои веќе се охрабриле да го направат овој чекор? Какво е Вашето искуство со пациентките?

Стимулација на колаген и негово ремоделирање без болка

Ефикасен и долготраен ефект

Лесно апликативна и комфорна за пациетките

СИГУРНА

НЕМА АНЕСТЕЗИЈА

НЕМА БОЛНИЧКИ ДЕНОВИ ( Lunch break procedure - интервеција за време на пауза за ручек)

Подобрува вагинална сувост, стерс-инконтиненција и тонизирање (подмладување на вагина)

Може да се употребува неограничено број пати во зависност од потребата

Третманот не е скап, многу е поевтин од кој било оперативен зафат за стрес-инконтиненција

Во високо развиените земји (Италија на пример) има повеќе од 60 центри кои се занимаваат со проспективни студии за придобиките на употребата на ласерот во решавање на гинеколошките проблеми. Таму ова е подигнато на ниво на наука, а не само како козметички пристап.

* „Аџибадем Систина“ е лидер во воведувањето нови интервенции. На кои Ваши досегашни интервенции сте особено горд?

- Покрај ласерскиот терман во гинеколошките проблеми, посебно сум горд и на минимално инванзивните лапароскопски интервенции кои ги етаблиравме како стандардни процедури во нашиот асортиман на операции  лапароскоски третман на сите видови  карциоми, лапароскопски церклаж, лапароскопски креирање на нео вагина (неоформена вагина) и во најново време лапароскопска транспозиција на јајчници од зона на зрачење (преместување на јајчниците кон зоната каде нема зрачење кај екстремно млади пациентки за зачувување на функцијата на истите). Со еден збор, сè што работат во светот на минимално инванзивна хирургија го работиме и во нашата болница.

* Каде ја насочувате енергијата кога не сте фокусирани на работата? Како се релаксирате? Што Ве опушта?

- Спорт, спорт и само спорт. Тоа е она што навистина ме релаксира. Цел живот ми е поврзан со спортот. Пливање, ватерполо, професионално доктор на нашите национални селекции во кошарка и ватерполо. Тоа ми е релаксација. Сега велосипед, нормално пливање, скијање. Обожавам природа. И на телевизија не гледам ништо освен спорт. Пробајте. Релаксира и голф да гледате, верувајте. Пријателите ми се најголемата движечка сила во животот, а семејството најголема поддршка. Нема поубаво од тоа.

Ѓ.С.