Лав и јас бевме тука додека да заспие, а потоа плачевме: Синот и пријателката на Исидора ги опишаа нејзините последни денови

Исидора Бјелица почина на 5 август, а нејзините кремирани остатоци, три дена подоцна беа положени во Алеата на заслужните граѓани.

„Знаевме дека нејзиниот вид на рак е многу опасен и прогнозите никогаш не беа добри. Чудно е што воопшто успеа да издржи осум години. Многу сме и благодарни што се бореше за да може подолго да остане со нас“ - изјави нејзиниот син Лав Пајкиќ и додаде:

„Се подготвувавме за овој момент, но за вакво нешто никогаш не може да бидете подготвени. Зборувавме за овој момент, но при секој таков разговор, ние кои сме и најблиски, не можевме да прифатиме такво сценарио. Го отфрлавме и го третиравме како нереално.“

„Секогаш мислевме дека ова нема да се случи иако можеби длабоко во срцата го знаевме и го чувствувавме. На Вила и е многу тешко, можеби и најтешко. Врската помеѓу мајката и ќерката е многу специфична и силна, иако често се потенцираше дека таа личи на Небојша, а јас на мајка ми. Тие две навистина беа неразделни. Мајка ми постојано ја советуваше и беше најмногу влијаеше во животот на Вила“ - додаде Лав.

Долгогодишната пријателка Јована Хисмајер, од друга страна се присети на последната средба со писателката.

„Исидора последен пат ја видов пред повеќе од еден месец. Дури ни тогаш, во толку лоша состојба, не сакав да поверувам дека последен пат сме една покрај друга. Се сеќавам на нејзините раце, секогаш ме факцинираа кревките рачиња кои имаа напишано толку книги.Тогаш уште беа нежни, како на девојче“ - раскажа соработничката на Бјелица.

„Физички беше слаба, но нејзиниот дух и бистар ум не се промени воопшто. Тие неколку дена за време на попладнињата, господинот Пајкиќ и јас бевме до неа додека да заспие, а потоа излегувавме, седнувавме во некој ресторан и плачевме како да нема други гости и луѓе околу нас“ - заклучи Јована.

Може да ве интересира:

Потресна колумна на Небојша Пајкиќ за Исидора: Мојата жена е девојка која верува во чуда