Лејди Гага ѝ ја подари својата кожна јакна на обожавателка: Причината ќе ве трогне

Обожавателка на Лејди Гага доби подарок од пејачката. 

Шенон Меки раскажува што доведе до тоа, 34-годишната поп ѕвезда, на улица во Малибу, Калифорнија, да ѝ ја даде јакната. 

Меки (27) раскажа во емисијата „Денес“ дека се запознала со Гага кога случајно ја искоментирала нејзината јакна.

„Ја видов и реков, 'Еј, тоа е навистина кул јакна што ја носите на себе", се сеќава Меки "И, таа рече: Благодарам.“ 
"Јас го препознав нејзиниот глас, но не сум некој што би им пристапил на познати личности“.

Мекки тогаш заминала, но подоцна одлучила дека сака да се врати и да ѝ каже на пејачката нешто друго.

„Имав приказна што сакав да ја споделам со неа и почувствував потреба таа да ја слушне од мене“, вели Меки. „И, кога се вратив, ѝ реков ‘ Еј, ти си Лејди Гага, нели? Мојот најдобар пријател во средно училиште беше твој огромен обожавател. И ти си причината што тој всушност ми стана пријател. И неговите први пет тетоважи се посветени на тебе. Затоа, само сакав да ти кажам благодарам.“

Меки вели дека Гага била трогната од приказната, кажувајќи ѝ  “кажи му на твојот пријател дека го сакам“.
Бидејќи Гага била излезена со своето момче Мајкл Полански и не сакала да позира за фотографија, наместо тоа ѝ ја подарила јакната на Меки.

„Додека ѝ ја раскажував приказната за мојот пријател, таа ја соблече јакна и рече, - толку многу ја сакав оваа јакна. Еве сега е твоја. Облечи ја. Сега ти имај кул јакна.

Во моментот, кој беше фатен од страна на папараци, Гага носи црн топ и хеланки со бела маска на лицето, додека ѝ ја предава кожната јакна на Меки.

извор:etcanada