Лек за женска хистерија: Како настанал првиот вибратор

Во денешно време, во повеќето случаи, самите сме наши лекари. Да си поставиме дијагноза... терапија... Трчаме до аптека да наполниме залихи...

- Добар ден…

- Добар ден….

- Ве молам дајте ми еден Бенседин од 2 мг. И еден бруфен од 600….пакување Андол…ако може и Pentrexyl…

Аптекарката нема да трепне пред да испразни вреќа со половина килограм лек. Секако се подразбира земање на било што за смирување… Незадоволство, нервоза, промени во расположението…. сето тоа ќе го реши грст Бенседин... денес се јадат како пуканки... Во 19 век ваквите симптоми кај жените можеле да се дефинираат само како „хистерија“...


Самиот збор „хистерија“ доаѓа од грчкиот „хистера“, што значи утроба. Уште во античко време, дијагнозата на хистерија им била дадена на многу жени. Тоа биле претежно млади вдовици, девици... жени кои својот дух и тело му го оставиле на Бога... Така, нарушувањето било поврзано со незадоволен сексуален нагон. Терапијата била „хистеричен пароксизам“ - тогашниот термин за женски оргазам.

Секако, терапијата ја спроведувале само лекари и акушерки. Мастурбацијата била „опасна за телото и умот“ и затоа била осудена, така што само доволно компетентни лица можеле да вршат масажа на гениталиите како медицинска терапија.

Со оглед на тоа дека ослободувањето од хистеријата било исклучиво лекарска должност, а самата масажа многу исцрпувачка работа, лекарите биле во голем проблем. Особено кога бројот на „заболени жени“ скокнал на 75% од женската популација.... и барале чести терапии.


Хронична болест - сосема разбирливо... Лекарите маченици едноставно морале да прибегнат кон конструкција на првиот генитален масажер - вибратор.

Денес жените одат во бања да се тркалаат во лековита кал и да се капат во лековита вода.... Тогаш оделе на терапија со вибратор на вода. Изгледал како противпожарно црево, а масажата со силен млаз вода ги доведувал пациентите до оргазам за само неколку минути.

Следниот масажер бил на погон на напојување .. па на педали... навивање... Многу, многу непрактично и тешко за ракување.

На крајот на 19 век е патентиран првиот електричен вибратор (со додатоци).

На почетокот на 20 век, тој конечно престанува да биде медицински уред и станува еден од електричните апарати за домаќинство. Тие биле масовно рекламирани во женските списанија заедно со козметичките производи и апаратите за домаќинство.

Продавани се со препорака да се користат не само за намената, туку и за масажа на главата, лицето, ослободување од целулит, па дури и болки во долниот дел на грбот. Во Америка, вибраторите станаа толку популарни што до 1917 година често доаѓале во комплет со додатоци за правосмукалка.


По појавувањето во порно филмовите во дваесеттите години, тој беше дискредитиран и префрлен во специјализирани продажни каталози, за да се врати во мејнстрим општеството во нова форма и улога во седумдесеттите. Водоотпорниот безжичен модел е патентиран.

Конечно, контролата над женскиот оргазам буквално преминува од рацете на медицината во нивни сопствени.


Којзнае како би изгледал дијалогот од почетокот на текстот доколку жените не се бореле за својот омилен апарат за домаќинство и тој „третман за хистерија“ не бил во нивна моќ. Веќе можам да замислам преполна чекална со жени од сите возрасти и професии…

- Добар ден…

- Добар ден…

- Имам хистерични напади...

- Легнете овде...наскоро ќе...

Неколку минути, неколку воздишки, а потоа….

– Утре во исто време?

- Да госпоѓо... Ви треба редовна терапија

- Догледање докторе...

- Следниот!


Извор-фото: media.rs