Лепа Бера и Боба слават 30 години брак: Пејачката ја совладаа емоциите, сподели спомени од свадбата (ВИДЕО)

Лепа Брена на Инстаграм објави кратко видео во кое ги сумира драгоцените моменти со сопругот

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ денеска слават триесетгодишнина од бракот. Тие двајца се венчаа на денешен ден во 1991 година, а нивната венчавка беше една од најгламурозните во тоа време и привлече големо внимание на јавноста ширум поранешна Југославија.

По тој повод, пејачката денеска на својата социјална мрежа Инстаграм објави кратко видео во кое ги сумира убавите спомени со сопругот, под кое напиша:

 - Заљубувањето е хормонална состојба и треба да се искористи до срж. И љубовта никогаш не треба да се троши. Треба да направиме разлика помеѓу овие две работи, а ние тоа го научивме. Затоа и траеме толку долго – напиша Брена со видео кое започнува со фотографии од раскошна свадба.


Брена во неколку наврати во јавноста проговори за кобната емоција која ја почувствувала на првата средба со Живојиновиќ, кој тогаш бил млад и перспективен тенисер. Како што и самата признала години подоцна - се заљубила во неговата фотографија во весникот. Мускулест, со крупни очи, Боба уште пред првата средба го освоил срцето на Брена. 

- Кога го запознав Боба ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека како мене нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит. Си реков - сега или никогаш! Се сеќавам, се запознавме по премиерата на првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатите. Нè запозна Рака Ѓокиќ. Се сеќавам дека дадов интервју за „Илустрирана политика“ и дека Рака заедно со новинарката ме затвори во канцеларија за да разговараме нормално. Во одреден момент влезе Рака со Боба и нè запозна - изјави еднаш Брена за љубовната врска со Живојиновиќ. 

- Требаше уште порано да ја запознаам Брена затоа што сакавме да ја ангажираме да пее на тенискиот турнир, но Рака Ѓокиќ, нејзиниот менаџер, подоцна наш кум, одбегна со оправдување дека има многу обврски. Но, навистина беше така, таа цело време настапуваше. Кога конечно се запознавме, дојде Брена ѝ рече: „Каде беше сите овие години? Тоа беше судбоносна средба, а првите неколку месеци беа многу тешки. Секој слободен момент го користевме да бидеме заедно. Летав од Ибица до Цирих, одев да ја видам – откри Боба. 


За потсетување, Брена и Боб имаат два сина - Виктор и Стефан, додека со нив порасна и синот на Живојиновиќ од првиот брак, Филип.


Фото: Инстаграм и Фејсбук/Лепа Брена