Лепа Брена и Карлеуша ја поддржаа Нина Бадриќ: Сите ќе пеат под туш

Нина Бадриќ е една од најпопуларните пејачки во Хрватска и регионот, но и една од најнепопуларните кога станува збор за изнави во време на корона. Општо познато е дека музичката индустрија губи многу во пандемијата, па пејачите немаат настапи. 

Нина во неколку наврати апелираше, но постојано наидуваше на негативни критки од типот „ти најде да кажуваш дека немаш пари„... Сега повторно упати коментар, но хуморисричен, иако многумина не го сфатија така и повторно ја нападнаа. 

„Сите ќе пееме само под туш, само да сме живи и здрави. И духот секогаш да ни е  позитивен“, напиша Нина во описот на сликата и им порача на сите да останат позитивни.

Ова им се допадна на Лепа Брена и Јелена Калеуша на Инстаграм каде и ја постираше фотогрфијата и коментарот.