Лепа Брена се исуши: Како пејачката изгуби 17 килограми?

Помина многу време откако пејачката Лепа Брена (59) се бореше со прекумерна тежина. Но, сè уште се зборува за тоа, бидејќи многумина се заинтересирани за тоа како таа успеала да ја намали тежината.

Брена изгуби 17 килограми за шест месеци. Таа е позната по тенките и долги нозе, а во една прилика откри како успеала да се ослободи од вишокот килограми. Таа рече дека е навистина невозможно да се држи диета шест месеци, но на крајот успеа.

Она што ја натерало да ослабне бил коментарот на келнер од почетокот на нејзината кариера, кој тогаш и рекол: „Мислев дека пејачката ќе дојде, а не трафостаница“!

Ваквиот коментар ја повредил пејачката, но и ја мотивирал да се промени. Бидејќи брзо сфатила дека нешто се случува со нејзиното тело, таа одлучила истото да го донесе во совршена состојба.

- Обично јадев едно или две јајца наутро. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично беше некаква посна супа без маснотии и тестенини. Всушност тоа беше вода во која имаше варен зеленчук, не варено до бесвест, за да не ги изгубат витамините. Јадев понекогаш и месо, кое најчесто беше подготвено на скара печено. За вечера, најчесто јадев парче риба или месо, со салата – Брена ја сподели нејзината диета, инаку оттогаш до денес пејачката ја задржи убавата линија.

Најскапата прослава на Балканот: Детали за свадбата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ


Извор: ekskluziva.ba