Лесен рецепт за освежувачко фрапе од јагоди: Идеален летен оброк за најмалите

Добивај вести на Viber

Овој кремаст напиток ќе претставува вкусно и слатко освежување за најмалите, но ќе му се израдуваат и возрасните во семејството. Може да се украси со шлаг и парчиња овошје кои дополнително ќе го збогатат неговиот вкус.

Состојки:

500 гр јагоди

150 гр шеќер во прав

2 кесички ванилин шеќер

5 дл јогурт

2 дл изматена слатка павлака

малку лимонов сок


Подготовка:

1. Исчистени и измиени јагодите исецкајте на мали парчиња, нанесете врз нив шеќер, ванилин шеќер и оставете да отстојат 45 минути

2. Потоа измиксајте ги, додајте го јогуртот и лимоновиот сок, па лесно измешајте ја и слатката павлака

3. Ставете во чаши и оставете да се излади.


*ПР објава