Линдзи Лохан го очекува првото дете со сопругот: На сладок начин ја откри веста за бременоста (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи убавата актерка Линдзи Лохан обајви прекрасна вест - таа е бремена. Ѕвездата на серијата „Mean Girls“ (36) откри дека го чека своето прво дете со сопругот Бадер Шамас:

– Со нетрпение го очекуваме ова ново поглавје во нашите животи – напиша Линдзи.

Претставник на актерката откри за „Дејли Меил“ дека холивудската ветеранка е бремена со своето прво дете со сопругот Бадер Шамас.

  - Многу сме возбудени што наскоро ќе пристигне нов член во нашето семејството - возбудено рекла актерката. Исклучително сме среќни за овој благослов во нашите животи и едвај чекаме да станеме родители – објасни таа.


Последен пат е фотографирана на 9-ти февруари на ревијата на Кристијан Сириано во Њујорк. Во тоа време, познатата актерка носеше широка облека која го криеше нејзиниот стомак.

И на нејзините последни објави на Инстаграм, делот околу стомакот е сокриен за да ја задржи бременоста во тајност.

На Инстаграм Лохан објави фотографија од бело бебешко боди на кое пишува „доаѓам наскоро“, а таа во описот додаде:

- Благословени сме и возбудени!


Лохан и Шамас се венчаа во јули 2022-ra година, откако ја објавија својата свршувачка во ноември 2021-ва година на социјалните мрежи.

Линдзи се пресели во Дубаи во 2014-та година за да ја заштити својата приватност, но сепак одеше во САД на работа.

Во 2016-та година, Лохан изјави за „Vanity Fair“ дека сака да стане мајка еден ден.


Извор: glossy.rs