Љубовната приказна на Жељко Васиќ и неговата сопруга Ивана: Се сретнале во автобус, тој ја викнал на кафе, таа го игнорирала

Уште на прв поглед знаел дека таа е жената на неговиот живот

Љубовната приказна на пејачот Жељко Васиќ е вистински хит. Тој и неговата сопруга Ивана се во хармоничен брак речиси две децении, а од нивната љубов се родија две деца - синот Андрија и ќерката Ленка.

View this post on Instagram

A post shared by(@v.zeca)


Жељко ја запознал својата животна сопатничка уште пред да стане полнолетен, а нивната романтична приказна започнала во автобус.

- На неполни 18 години ја најдов жената на мојот живот... Се сретнавме во автобусот за Белград, таа одеше на факултет, а јас во средно училиште. И таа е од Зајечар, но не се познававме. Таа седеше во автобусот спроти мене и со нас учеше екипа од Зајечар и некако и двајцата припаѓавме на таа екипа и на пауза ја прашав дали сака да пиеме кафе и таа се насмеа и излезе од автобусот и не ми одговори- вели Васиќ и открива дека како млад бил многу повлечен:

- Потоа се сретнавме на иста маса и тогаш не ѝ го зедов телефонскиот број, па имав среќа повторно да ја видам во автобус, а и тогаш не ѝ го земав телефонскиот број туку третиот пат кога ја видов,пред факултет. Бев збунето и срамежливо момче – изјави Васиќ во емисијата „Из профила“.


Инаку, сопругата на Жељко, Ивана е директор на издавачка куќа, многу е успешна во работата, но успева и целосно да се грижи за децата.

View this post on Instagram

A post shared by (@v.zeca)


- Потешко ѝ е отколку мене. Таа се занимава со земање и носење на децата од училиште, домот, документи за фирмата, финансиите... Мојата сопруга е вистински Спартанец, иако делува кревко и нежно – изјави претходно за „Стори“ , Жељко Васиќ.


Извор: 24sedam.rs