Љубовната приказна на Никола Јокиќ и Наталија: Заедно се од школските денови, а Интернетот ги обожава
Никола
Јокиќ стана херој откако вечерва со Денвер ја освои шампионската титула во НБА
Јокиќ долго време славеше со соиграчите и со малата ќерка Огњена која ја носеше на раменици, а Интернетот е преполн со детали од историската прослава. Кариерата на Никола Јокиќ повеќе од десет години ја поддржува неговата сакана ос средношколските денови, Наталија.
Двојката почнала да се забавува за време на средното училиште кога Јокиќ сè уште живеел во Војводина.
„Ми се допадна на прв поглед, но откако се запознавме бевме само пријатели половина година“, изјави еднаш Јокиќ.
Кога таа заминала за Америка, тој бил уништен
Сопругата на Јокиќ, Наталија, прва отишла во Америка, да студира. Според некои српски медиуми, Јокиќ бил скршен од нејзиното заминување. Сепак, тој брзо ѝ се придружил и никогаш не се разделиле.
Двојката се венча во 2020 година, а една година подоцна ја добија ќерката Огњена. Јокиќ го опиша раѓањето на неговата ќерка како најважниот настан во неговиот живот. Наталија често објавува семејни фотографии на Инстаграм, а интернетот го обожава Јокиќ.
„Вие сте кралско семејство од Денвер“, пишуваат тие
Фото насловна: Youtube - screenhsoot
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot