Љубовниот живот на познатиот турски актер предизвика голем скандал: Поради Шехерезад остави бремена жена

За неговиот љубовен живот се крена голема прашина...

Брачниот пар Халит Ергенч и Бергузар Корел срцето на публиката го освоија со серијата „1001 ноќ“, а потоа имавме можност да ги гледаме и во „Далеку од дома“.

Тие се вљубија на сетот на серијата „1001 ноќ“ и од тогаш не престанаа да ги интригираат медиумите.

Имено, тогаш 23 - годишната Бергузар го запозна 12 години постариот Халит, а тој во тоа време беше во брак со актерката Гизем. Првите искри се јавија на снимањата, но на патувањето во Париз во 2008 година донесе пресврт во нивниот однос. Халит по десет месеци се раздели од Гизем, која тогаш била бремена. 

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on


Бидејќи Халит јасно ѝ дал до знаење дека е вљубен во друга, Гизем одличила да ја прекине бременоста. Бергузар поради Халид го оставила своето долгогодишно момче, но околу нејзината разделба не се кренала голема прашина, како во случајот со разводот на Халит.

Тој по разводот на поранешната сопруга ѝ исплатил околу 250 илјади турски лири, а Халит и Бергузар се венчаа веднаш по завршувањето на серијата. Семејниот живот го продолжија во едно од луксузните населби во Инстанбул.

Во 2010 година на свет дојде и нивниот прв син Али, а во средината на март оваа година му посакаа добредојде на уште еден син. Иако првите неколку месеци ја криеше бременоста, во декември папараците ја фотографираа и тогаш се откри дека е во блажена состојба.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on


„Халит и јас го чекаме второто дете. Не можам со зборови да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Многу сме среќни и се заблагодаруваме на сите на убавите желби“ - изјави Бергузар тогаш.

Снимањето на серијата „Величенствениот“ за Халит значеше огромен успех, но неговиот приватен живот патеше поради тоа. Имено, Бергузар не можеше да го поднесе снимањето на љубовните сцени помеѓу Халит и фаталната Мерјем Узерли. Црвенокосата актерка беше семето за раздорот во брачната идила на Халит и Бергузар, а повредената сопруга дури доаѓала и на снимањата за да го контролира сопругот.

Дека во нивниот однос има навистина проблеми, потврди и самиот Халит и тоа потполно неочекувано. Имено, во едно интервју отворено призна дека неговата сопруга е љубоморна, но тоа го смета за нормално, бидејќи не е лесно да се поднесе тоа што твојот партнер има љубовни сцени со други колеги. Халит тогаш призна дека на иницијатива на Бергузар оделе кај брачен терапевт.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on


Кога Бергузар почна да ја снима серијата „Карадај“ во која партнер и беше Кенан, попознат како Езел, во турските медиуми почнаа да кружат гласини дека тие двајца и зад камерите биле многу блиски. Меѓутоа, тоа никогаш не се докажа, а тие двајца на оваа тема немаат ништо изјавено.