Љубовните приказни на македонските ракометари

Европското ракометно првенство е во тек, па македонските играчи повторно се топ-тема во медиумите. Во пресрет на денешниот многу важен натпревар против домаќинот Австрија, „Женски магазин“ одлучи да ве потсети на љубовните приказни на нашите херои, повеќето од нив заколнети на вечна љубов и веќе со свои наследници. 


Нашиот капитен и еден од најуспешните ракометари на сите времиња, има и најголем стаж кога е љубовта во прашање. Кире Лазаров веќе 14 години е во хармоничен брак со својата сограѓанка Љубица со која има две деца., синот Благојче и ќерката Лана.

Министерот за одбрана, како што го нарекуваат македонските навивачи, пред точно една година правеше свадба во Скопје. Борко Ристовски и неговата избраничка Николина која по потекло е од Куманово, склучија граѓански брак во 2018 година кога и се роди нивниот син Душан.


- На Николина многу често ѝ подарувам накит. Секогаш кога сум на пат одбирам некое убаво дискретно парче за мојата сопруга - откри Борко во една прилика.

Ракоментниот репрезетативец Филип Кузмановски се ожени во октомври минатата година со својата долгогодишна девојка Моника Игнова. 

Правеа свадба на отворено во Битола, а меѓу гостите беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника и кој за разлика од повеќето соиграчи се’ уште ја чека својата идеална половина.

Во јуни минатата година се ожени и 23-годишниот Филип Талески. Младиот репрезентативец стапи во брак со Ена Секуловска, битолчанка која живее во Германија и со која се венча една година претходно во родното Крушево. 

На почетокот на 2019 година, Филип и Ена станаа и родители, а ќерката ја крстија Софиа.

На Гоце Георгиевски најголемата поддршка му е сопругата Симона со која има две деца, син и ќерка.

Некои ракометари речиси никогаш не зборуваат за приватниот живот. Меѓу нив е и омилениот играч на навивачката Фаланга, Столе Стоилов, кој со години се забавуваше со струмичанката Катерина Ристова.

Порталот „Спортмедиа“ во јуни минатата година напиша дека Жарко Пешевски се забавува со Марија Петровиќ, екс-ракометарката на ЖРК Вардар и дека нивната љубовна приказна започнала токму по доаѓањето на Марија во Скопје.

Во јуни 2018 година својот животен договор го потпиша и нашиот репрезентативец Никола Маркоски. Стружанецот стапи во брак со својата долгогодишна девојка, екс ракометарката Ане Миленковска. 

Ѓ.С.