(ФОТО) Љубовта победи: Клои му прости на Тристан и објави дека се верила

Љубовта сепак победи може да се каже во случајот на познатата ријалити ѕвезда Клои Кардашијан.

Преку социјалните мрежи на необичен начин им објави на фановите дека конечно е верена со Тристан Томсон кој ја изневери со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли Џенер, Џордани Вудс.

Двојата Клои Тристан се смири пред неколку месеци, иако Клои тврдеше дека никогаш нема да му го прости неверството.


Клои на Инстаграм објави „жешка“ фотографафија на која позира во бикини со дланка на која се забележува огромен дијамантски прстен.

На фотографијата Клои ги рекламира новите чевли кои „паднаа во втор план“ со оглед на тоа дека на нејзините следбеници во очи им падна големиот дијамантски прстен.

Извори блиски до семејството Кардашијан тврди дека Клои сепак му простила се на Тристан поради нивната ќерка Тру.


Фото: Инстаграм