Љубовта посилна од предрасудите: Таа има 114 килограми, а тој ја сака бескрајно (ФОТО)

Бретани Жак е медицинска работничка, има 23 години и 114 килограми. Живее во Канада, во Отава и речиси се откажала од својот љубовен живот и мислејќи дека ќе остане сама засекогаш, се случи чудо.

Таа го запознала фитнес инструкторот Мет Монтгомери во август минатата година на Фејсбук и се случи магија меѓу нив. Иако тој е двојно послаб од неа, тие веднаш се засакале.

Мет не беше како сите други момчиња претходно со кои била - ја терале да ослабне, да биде на диета, но таа не го сакала тоа. Кога би им се спротивставила, ја оставале.

- На старт се двоумев. Бев во врски во кои момците ми велеа дека ќе ме шутнат ако не почнам иета или ако не ослабам. Тоа влијаеше на мојата самодоверба, дури започнав да вежбам. Тогаш ми падна на памет дека го правам тоа затоа што не се сакам себеси и дека всушност се менувам поради нечија перцепција за убавината. Не бев сигурна дали ќе најдам некој што ќе ме сака за мене, но откако го запознав Мет, можам да кажам дека никогаш не сум била посреќна - вели Британи.

Во меѓувреме, Мет решил да ја запроси во близина на нивниот дом, пет месеци по првиот состанок.

- Имав врски и со слаби девојки и тие воопшто не се задоволни со себе. Тие воопшто не беа позитивни луѓе и постојано мислеа дека треба да променат нешто за себе, и тоа ме поразуваше. Кога ја запознав Брит, бев воодушевен од нејзината самодоверба и љубовта кон нејзиното тело. Таа не сака да менува ништо на себе, а ниту јас не би го барал таа да го направи тоа - вели Мет за неговиот впечаток.




Тие многу се сакаат, но луѓето ги демнат додека одат по улица. Сепак, најголемиот дел од негативноста доаѓа од социјалните мрежи. Таму наидува на коментари дека тој не е доволно голем и доволно маж за да биде со неа, но тие решиле да не обрнуваат внимание на ваквите коментари. Тие се обидуваат да бидат среќни и да уживаат во животот.

Фото: Инстаграм

Може да ве итересира

Замислете да ја навредуваат вашата мајка, сестра, ќерка: Јелена со порака до сите кои ја гледаат само тежината на една жена