Љушев: 5G технологијата ќе го смени светот
„Интернет на нештата“, вештачка интелигенција, роботика, виртуелна реалност, на прагот сме на нова индустриска револуција која ќе го смени не само начинот на којшто комуницираме, туку и оној на којшто живееме. Што точно новата технологија ќе направи за нас, зошто ни е потребна, како ќе го направи нашиот живот подобар, општеството похумано?Кои се ризиците што може да ги донесе, како ќе се справиме со нив? А каде е Македонија во целата глобална приказна за дигитализација и 5G? Разговаравме со Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, инженер по вокација и човек со долгогодишно искуство во телекомуникациската индустрија.
Во едно поинакво интервју за ФАКТОР, Љушев говори за 5G технологијата која е белег на новата генерација, за новата индустриска револуција ама и за предизвиците од неа.