Луѓето кои имаат сестра се посреќни

Да, таа без да ве праша ќе го земе вашето омилено модно парче или ташната од гардeроберот. Секогаш слуша гласна музика и го јаде последниот ред од чоколадата. Зборуваме за вашата сестра. Некогаш може да ве изнервира, но ја сакате.

Се прашувате како е можно? Можеби затоа што  вашата сестра ве прави попозитивни, а сега тоа е потврдено.

Во истражување на британските факултети учествувале 571 млади, на возраст од  15 до 25 години, а испитаниците биле прашувани за нивното семејство, браќа и сестри и нивната емоционална состојба. Луѓето кои пораснале со сестра се посреќни луѓе.


Причина за тоа е што сестрите помагаат семејството отворено да зборува за проблемите, а со тоа стануваат посреќни. Затоа  секогаш треба да ја прегрнете вашата сестра.


Децата кои имаат еден брат во семејството се помалку среќни од оние кои имаат сестра. Момчињата избегнуваат да разговараат за проблемите во семејството, па така ако тоа е составено само од машки  членови преовладува тишина.