„Луѓето секогаш се крстат затоа што тежам над 90 кг. и пукам од самодоверба: За мене е шокантно - тие никогаш не ги прашуваат слабите жени зошто се сакаат себеси“

Ешли Греам важи за една од најубавите жени во светот, а со нејзиниот пример ни покажа дека е можно да се разбијат табуа и предрасуди, и со гордост може да каже дека е една од најзаслужните што е сведок на експанзија плус сајз модели во модната индустрија денес.

33-годишната девојка, која минатата година го имаше своето прво дете со сопругот Џастин - синот Исак, со години гласно зборува за самодовербата на жените и прифаќањето на сите нејзини маани и доблести, а неодамна и во интервју за „Гламур„

Ешли призна дека не било лесно постојано да се соочуваш со одбивање, но дека со текот на времето сфатила дека токму таа има сила да ги смени работите.


"Кога започнав да живеам во Њујорк и сакав да се откажам од моделот каде постојано ми велеа дека не сум доволно добара, се свртев кон мајка ми и и реков дека ќе се вратам во Небраска. Таа ми рече во тоа време да не се предавам само зтоа што некој би сакал мојот изглед да се променим а истовремено дека јас можам со мојот изглед да променам нечиј живот. Тогаш не разбирав целосно што сакаше да каже со тоа, но сега знам. Моето тело го смени начинот на размислување на модната индустрија и ме научи дека можам да правам што сакам се додека правам работи што ме прават да се чувствувам добро и што носат позитивни промени “, вели овој модел.

Греам исто така посочува дека светот е полн со луѓе кои веруваат дека не се доволно добри и убави и дека вината ја имаат и совршените, најчесто обработени фотографии на жени на социјалните мрежи. „Многу работи денес имаат врска со трансформацијата во нешто што дефинитивно не сте“, коментира таа.

Таа се осврна и на фактот дека живееме во свет кој е опседнат со етикетирање на другите.


"Секој сака да зборува за етикетирање, и тоа е вистински сон затоа што живееме во генерација каде сите и се етикетирани. Време е конечно да се ослободиме од тоа и да започнеме да се однесуваме кон луѓето како што сакаме да се однесуваат кон нас." Звучи толку едноставно, но на многу луѓе им е тешко да го разберат “, вели Ешли.

Познатата убавица признава дека и денес има фрустрирачки разговори за нејзиниот физички изглед, исто како и на почетокот на нејзината кариера.

"Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукнам со самодоверба и да го коментирам мојот стил на облекување. Само затоа што носам готов конфекциски број 16 (американска големин), Имам повеќе од 90 килограми и релкамиран долна облека кампањи и тоа не значи дека сакам да водам цело време разговори за тоа што е потребно за да имам толку многу самодоверба. Да се ​​биде голема дебела девојка не значи дека треба постојано да водам вакви разговори За мене е малку шокантно затоа што истите прашања не се поставуваат на потенки жени“, заклучува таа.

Извор: Жена.рс