Лука и Леон не гледаат телевизија, а и ретко ги гледаме во јавноста: Како Ана Ивановиќ ги воспитува своите синови?
Убавата тенисерка има два сина, а сега сите ги израдува со убавите вести - на пат е и третото дете...
Некогашната тенисерка Ана Ивановиќ беше една од најдобрите женски тенисерки кои Србија некогаш ги имала. Ретко кога без причина се појавува во медиумите, а својата интима се труди да ја сокрие од јавноста.
Бастијан и Ана своите деца ги воспитуваат онака како што тие мислат дека е најдобро, а во една прилика ги споделија и своите начини на воспитување.
„Помладиот син е мал за да зборува, но постариот разбира четири јазици, дури и зборува помалку. Разбира кога му се обраќате на српски, англиски, германски и шпански“ - одговори Ана во едно интервју кое преку Инстаграм ѝ го даде на Барбара Шет, водителката на „Еуропорт“, а потоа додаде:
„Тоа што станав мајка е нешто најубаво што ми се случило во животот, но во исто време и најнапорно. Сакам на децата да им го всадам сето она кон што тежнеам и јас, што не е лесно. Иако професионално се занимавав со спорт, често патував и малку спиев, ваков вид на умор тогаш не доживував. Но, заборавам сѐ кога ќе ги видам насмевките на лицата на децата“.
Исто така, објасни и дека нејзините деца немаат можност често да бидат пред екраните.
„Се трудиме повеќе време да поминуваме надвор и да бидеме во природа. Не гледаме телевизија. Возиме велосипед, трчаме по трева... Лука и Леон обожаваат да си играат со автомобили, како сите момчиња. Тие двајца се сосема различни. Постариот има повеќе повлечено на мене, а помладиот е како татко му. Лука е креативен, сака книги, црта, пишува. Леон е поактивен, можеби тој ќе биде тенисер“ - се насмеа Ана и додаде дека таа не ги мотивира синовите да играат тенис, туку нивниот татко Бастијан.
фото: Принтскрин / Инстаграм