Лука има 9 години и присуствуваше на породувањето на мајка си: Познатата актерка откри дека го научила сè за менструацијата и женското тело, а еве зошто
Хилари Даф е познато холивудско лице уште од нејзиното детство, денес е голема ѕвезда и мајка на три деца, а неодамна проговори за породувањето и деталите кои шокираа многумина
Имено, Хилари во 2021-ва година ја роди ќерката Меј, а при породувањето присуствуваше и нејзиниот деветгодишен син Лука.
- Ми беше многу важно што Лука беше со мене за време на породувањето, бидејќи сум многу отворена и искрена со него, сакав да види како изгледа кога жената ќе се породи, но и да види колку навистина се силни жените- објасни актерката во подкастот „Информирана бременост“ со докторот Елиот Берлин.
Хилари истакна дека се обидува да ги нормализира темите кои се табу за многу родители, па со него разговара за сè!
- Со син ми зборувам за менструацијата и за сите други работи кои многу родители избегнуваат да ги споделат со своите деца. На крајот на краиштата, еден ден и тој ќе живее со жена и сакам да биде запознаен со сè - изјави Хилари.
Извор: zena.blic.rs