Лука надвор од болничката соба по 4 месеци: Браво мал хероју од Валандово
Малиот херој Лука, син на Надица и Стефан Ристови од Јосифово, Валандово е вистински мал борец. Иако како што мајката раскажа за Женски Магазин, прогнозите на докторите беа дека дете од 700 грама не може да преживее, денес тој е херој кој ја доби битката со животот, херој кој ни покажува како треба да се бориме.
Пред четири месеци имаше повторни компликации со тумор на црн дроб(hepatoblastom), и бидејќи никој во нашата земја не се нафати да го оперира, Лука беше префрлен во италијанската болница „Џанина Џаслини'“, каде ја продолжува својата битка.
Веста дека се чувствува подобро и конечно е надвор од болничките соби, ја соопшти неговата мајка на Инстаграм.
- Конечно надвор од болничките соби после 4 месеци. Ова е среќа. Уште долг пат не чека, но ова дете го сака животот. Ова мое црвче е поим за борбеност,истрајност и љубов. Животе чекај не, доаѓаме секој ден посилни - напиша таа на фотографијата на која ја забележуваме огромната насмевка на малиот херој.