Дестинација - Монте Карло: Луксузен роденден на Аделина Тахири - доби подарок од соништата
Пејачката Аделина Тахири Марков го прослави 30-от роденден во Монте Карло, во друштво на нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков.
Покрај роденденското патување на оваа луксузна дестинација, Аделина од сопругот си доби и Ермес (Hermès) чанта, која откри дека е нејзината чанта од соништата.
Инаку станува збор за еден од најлуксузните брендови за чанти, чиј цени варираат од 2.000 долари, сѐ до, верувале или не, 400.000 долари - богатство кое го издвојуваат светските ѕвезди за Ермес Биркин чантите, кои се најпосакувани од овој бренд.
Кајли Џенер со цела полица Ермес чанти во различни големини и бои
Но изненадувањата не завршија овде, за овој посебен ден, вљубениот пар уживаше на вечера во ултра луксузен ресторан.
За која пригода Аделина се дотера по примерот на светските ѕвезди, а комбинацијата ја „зачини“ со популарните, блескави Александар Ванг чевли и чанта.
Повеќе фотки од роденденското патување на парот во Монте Карло:
фото:instagram
(ФОТО) Нејзина копија: Помалата сестра на Аделина Тахири