Lush ги има најдобрите третмани за вашата коса

Добивај вести на Viber

Понекогаш, навистина е прекрасно да ја потхраните косата со третман со топло масло. Секое од маслата е внимателно создадено да има различен ефект, секако зависно од ефектот што сакате да го постигнете... Да ја осветлите русата нијанса, да го стимулирате скалпот а со тоа и растот, да развиете невиден волумен или да нахраните оштетена коса, имаме нешто за Вас. Се’ што Ви е потребно е чајник, третман со топло масло по Ваш избор и огноотпорен сад, како шолја за кафе или чисто црно канче од Lush. -Зовријте вода во чајникот и пуштете го третманот во избраниот сад.
- Полека додавајте една шолја топла вода во садот со третманот и нежно мешајте со дрвеното стапче. Не се брзајте, внимателно додавајте вода колку што е потребно и дозволете на производот да се згусне како пудинг. Целиот производ треба целосно да се растопи од стапчето. Отприлика за ова се потребни пет минути.
- Кога е доволно оладена за да се допре, нанесете ја смесата на сува коса и оставете ја 20 минути за да си ја направи својата магија. Шампонирајте и почнете да се восхитувате на освежените прамени!
- Ако случајно Ви остане мешавина, чувајте ја во шолјата и може да ја користите како регенератор до четири недели од топењето.

Подготвени?

Пуштете го волуменот на вашата коса на најјако и намирисајте ја со експлозивен свеж мирис на спеарминт. Морската сол е ѕвездата на шоуто  тука, која ќе даде текстура и волумен на косата која има потреба од тоа. Во меѓувреме маслото од јојоба дава неверојатен сјај, додека пак гуар гумата го обложува и заштитува влакното. Доколку сето ова ви звучи неверојатно, ќе се уверите само доколку го пробате Yuge  третманот за коса со топло масло на Lush. 

Доколку пак сакате екстра волумен на вашата коса, дополнете го вашиот третман со шампонот за коса Big. Big е 50% морска сол, мириса како маргарита и дава мноооогу волумен! Секогаш кога ќе го употребувате ќе се фалите самите себе си: “ Погледнете ја мојата прекрасно мека коса”. Како Big тоа го постигнува? Содржи омекнувачка инфузија на морски алги, морска сол и кокосово масло. Морската сол ќе се погрижи да добиете плима од волумен. Додека вработените на Lush го правеа овој шампон знаеа дека ќе биде добар, но сепак на крајот се изненадија колку излезе фасцинантен. Go Big or Go Home!