Мафини без брашно: Брз рецепт за колач со боровинки од само 3 состојки

Добивај вести на Viber

Од сите рецепти, ни се допаѓаат оние брзите и со малку состојки и вкусни како да се направени во најдобрите француски кујни! Мафините се секогаш добра опција, особено кога станува збор за оние кои се подготвени од само три состојки.

За да ги подготвите овие брзи мафини, ви требаат зрели банани, путер од кикирики и боровинки.

Потребни намирници:

-4,5 банани

-180 грама путер од кикирики

-150 грама боровинки

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад изгмечете ги бананите со вилушка. Колку повеќе зрели банани, толку послатки и повкусни ќе бидат мафините. Измешајте го путерот од кикирики во сгмечените банани. Наместо кикирики, можете да користите друг путер по ваш избор, од бадем, лешник или слично.

Во смесата додадете боровинки и добро промешајте. Ставете ја смесата во калап за мафини. Колачите печете ги 18 до 20 минути. Ставете ги во фрижидер пред да ги сервирате.


Бон апетит!


Можеби ќе ве интересира:

ПОДОБАР ОД ОРИГИНАЛОТ: Направете вкусен десерт за само 10 минути 

(Рецепт) Плескавици од тиквичка во рерна: Здрав и вкусен ручек!