Магија од вкус на која никој не може да одолее: Домашното слатко од цели мандарини е празник за непцата

Добивај вести на Viber

Сигурни сме дека во вашата оставата, секогаш ќе има место за неколку тегли од ова слатко направено од цели мандарини, со божествен вкус и арома.

Потребни состојки:

мандарини - 1,5 килограм (цели, мали);

шеќер - 1,1 килограм;

вода - 500 милилитри;

карамфилче - 7 цветови;

лимонтус - 1 лажичка.

Подготвка:

Изберете мали мандарини. Измијте ги мандарините. Ставете ги цели мандарините во тенџере со дебело дно и прелијте ги со ладна вода. Варете ги на умерен оган. Оставете ги да возвријат, по 2-3 минути тргнете ги оган.

Истурете ја водата и веднаш ставете им нова ладна вода. Повторно ставете ги на оган да зовријат, по 2-3 минути, водата истурете ја повторно. Истата постапка се повторува трет пати.

Кога водата врие за последен пат, мандарините ќе ги ставите под млаз ладна вода. Ако мандарина е распукана, извадете ја. Извадете ги од водата и користете остар нож за да го отстраните местото каде што имало рачка. Овој мал отвор се прави за сирупот да може да влезе во внатрешноста за време на готвењето.

Во тенџерето, истурете ја водата според рецептот, шеќерот, каранфилчето и ставете го на умерен оган. Растопете го шеќерот мешајќи. Ставете ги мандарините во сирупот да се готват на тивок оган околу еден час, час и половина. Кога ќе помине тоа време, тргнете ги од оган и оставете ги во сирупот од 12 до 24 часа, додека се топли без, а подоцна со капак или памучна крпа.

Следниот ден, продолжете да ги варите на тивок оган додека не се згусне сирупот, околу 40 - 45 минути. Во последната минута или две, додадете лимонтус. Истурете го слаткото во суви и врели тегли со широк отвор.

фото: Shutterstock