Мајка го слуша срцебиењето на нејзиниот покоен син: Дел од мојот единец е сè уште жив!

Ужалената Сју Елен Монаган, мајка на починатиот Тим Конли, неодамна доби необичен подарок. Имено, таа го слушна срцето на „љубовта на својот живот“ како што го нарекуваше својот син, но во друго тело... 

Сју Елен Монаган беше скршена од изненадната смрт на својот син единец. Тим починал при повреда на главата на работа на само 25 години. Но, сепак таа не го изгубила во потполност...

Како што пишува Хагингтон пост на 6 мај 2015 година, Том бил доброволен дарител на органи и спасил четири животи по својата смрт. Помеѓу нив бил и Џон Клафин, на кој му било трансплантирано срцето на Тим.

Кон крајот на април истата година, Џон и неговото семејство размениле неколку мејлови и се сретнале со Сју Елен. Џон тогаш искажал благодарност на укажаната втора шанса за живот, а ужалостената мајка во солзи и со помош на стетоскоп слушнала како чука срцето на својот покоен син, но во друг човек.


„Дел од мојот син и понатаму живее. Можете да кажете дека почина на 31 октомври, но и понатаму живее во Џон Клафлин. Неговото срце и понатаму чука, а јас сум негова мајка. За мене тоа е сѐ, ама баш сѐ“ - кажа Сју за Прес Хералд.